Monday, November 12, 2007

ФИЛМСКИ РАБОТИЛНИЦИ втор дел

После успешните први работилници, каде младите учесници направија свои кратки видео клипови, ве покануваме на уште едно лудо возење кое ке ви овозможи да стекнете нови знаења во областа на филмот....

Cre8ive8 e младинска филмска продукција поддржана од Британскиот Совет во Македонија. Oваа есен, Cre8ive8 организира три еднодневни филмски работилници кои ќе бидат одржани од млади филмски ентузијасти - членови на Cre8ive8.

За учество на работилниците можат да се пријават сите средношколци од 15 до 18 години со живеалиште во Скопје, и со интерес за филм и филмска продукција.

Пријавувањето за втората работилница е до 21 ноември 2007 г. Избраните учесници ќе бидат известени до 23 ноември, а втората работилница ке се одржи на 24 ноември во просториите на Британскиот совет во Македонија(народна библиотека).

Како да се пријавите: симнете ја пријавата (.doc 48KB), пополнете ја, преименувајте ја со вашето име и презиме, и испратете ја на cre8ive8@gmail.com со назнака дека е за филмските работилници.

No comments: