Wednesday, September 05, 2007

CRE8IVE8 ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ФИЛМСКИ РАБОТИЛНИЦИ

КРАТКО И ЈАСНО:

Cre8ive8 e младинска филмска продукција поддржана од Британскиот Совет во Македонија. Oваа есен, Cre8ive8 организира три еднодневни филмски работилници кои ќе бидат одржани од млади филмски ентузијасти - членови на Cre8ive8.

За учество на работилниците можат да се пријават сите средношколци од 15 до 18 години со живеалиште во Скопје, и со интерес за филм и филмска продукција.

Пријавувањето за првата работилница е до 10 септември 2007 г. Избраните 25 учесници ќе бидат известени до 15 септември, а првата работилница ке се одржи на 22 Септември во просториите на Британскиот совет во Македонија

Како да се пријавите: симнете ја пријавата (.doc 48KB), пополнете ја, преименувајте ја со вашето име и презиме, и испратете ја на cre8ive8@gmail.com со назнака дека е за филмските работилници.